-->

Хамилтон се закани со напуштање на Формула 1

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја разгледува можноста да се повлече од спортот, објави англискиот Сандеј тајмс.

Овој напис е демантиран од страна на Мекларен, но сепак изнесува во јавноста факти кои треба да се имаат предвид при секое натамошно анализирање на состојбите во шампионатот.

Причина за таквата евентуална одлука на најмладиот светски првак се темели на неговиот уништен имиџ по скандалот во Мелбурн, кога пред стјуардите на ФИА не ја зборувал вистината, наводно по наговарање од страна на спортскиот директор на Мекларен, Дејв Рајан.

Наводно, тој зборувал за ова по телефон со претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој го советувал да не презема таков чекор. Новиот тимски шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, го отфрли ова, изјавувајќи дека таков разговор не се случил, но призна дека таткото на Луис, зборувал со претседателот на ФИА.

 

Copyright © 2009 selotejp.com