-->

Мајката не се ни посомневала - 12 - годишно девојче родило син


Девојчето често паѓало во несвест и се чувствувала лошо. Ја однеле во болница и таму се породила. Од прво докторите не ни забележале дека е трудна.

12 – годишна ученичка во петокот родила здраво момче во југозападна Британија. Нејзиното семејство е во шок затоа што никој не забележал дека е трудна. Подоцна се испоставило дека девојчето имала сексуален однос со некој пријател од училиштето и тоа само еднаш. Ја донеле во болница затоа што се жалела на болки во стомакот и била депресивна. Ни девојчето не знаело дека е бремена.

“Често се онесвестуваше, и се чувствуваше лошо. Ја однесовме во болница и таму се породи. Од почетокот докторите не ни забележаа дека е трудна. Го познаваме семејството на момчето, и не ги обвинуваме за тоа што се случило. Колку што ние знаеме, тие не се момче и девојка.“- изјавил пријател на семејството на девојчето.

Најмладата мајка во историјата на Британија се породила во 1996 година, крај Единбург, со само 11 години и десет месеци.


 

Copyright © 2009 selotejp.com