-->

Свински грип во Мексико, 62 починати

Единствен нов облик на свински грип се појави во Мексико, од кој што досега починале најмалку 62 лица, а се стравува дека од грипот се заболени околу 1.000 луѓе.

Тоа претставува досега незабележан спoј на свински, птичји и човечки вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Експертите прегледале седум луѓе од Калифорнија и Тексас, кај кои била дијагностицирана болеста, при што било констатирано дека станува збор за единствен нов облик на свински грип.

Иако сметаат дека нема причина за паника, експертите не можат да откријат како луѓето се заразиле од видот што е спој на човечки и птичји вирус од Северна Америка и свински вирус од Северна Америка, Европа и Азија.

Вирусот би можел да биде целосно нов, но можно е да бил подолго време присутен, но е откриен токму сега благодарејќи на подобрените лабораториски испитувања и следење на болести, истакнуваат епидемиолозите.

Мексиканскиот министер за здравство Хозе Ангел Кордоба вчера изјави дека најмалку 1.000 луѓе се заразени од новата заразна болест, чии што симптоми се многу слични на силно воспаление на белите дробови.

Во Мексико Сити се откажани сите јавни настани, а затворени се и училиштата, музеите, библиотеките и театрите.

Светската здравствена организација предупреди дека постојат закани од појава на глобална епидемија.

Епидемиолозите се особено загрижени подари фактот што починале луѓе кои спаѓале во група на помалку подложни на болести, како што се млади луѓе и возрасни лица.

 

Copyright © 2009 selotejp.com