-->

Bertone Mantide – автомобилот на Dart Wader

За цената воопшто нема муабет, но би можел да се најде во продажба ако покажаниот интерес биде доволно голем.



Познатата италијанска дизајнерска куќа Bertone на авто саемот во Шангај го изненади автомобилистичкиот свет прикажувајќи го интересниот модел Mantide.

Под хаубата на овој футиристички спортски автомобил се крие 6.2-литарски V8 од Chevrolet Corvette ZR1 со сила од 631 КЅ, кој од место до „стотка“ спринта за само 3.2 секунди. Најголемата брзина на овој ѕвер изнесува точно 350 km/h. За цената воопшто нема информации, но овој суперспортист кој во задниот дел малку наликува на кацигата на Dart Wader од Војната на ѕвездите, би можел да се најде во продажба ако интересот биде доволно голем. Што би додале освен: Нека силата биде со нив.





 

Copyright © 2009 selotejp.com