-->

Лудо слетување

Двајца мажи од Флорида за влакно ја избегнаа смртта во авион од домашно производство кога за време на летот еден мотор им откажа, а ги спаси мешавината на луда среќа и присебноста на пилотот кој успеа да го приземји авионот на пат среде флоридскиот град Винтер Хејвен, кој само по игра на случајноста во тој момент беше празен.

Бидејќи на авионот биле прицврстени две камери, целата авантура на 22-годишниот пилот Кајл Дејвис и сопатникот Џои Суровиец е овековечена, така што јасно може да се види и чуе моментот кога моторот откажува, обидите за повторнот стартување на моторот, пцуење, кратка консултација за можно место за слетување и на крај слетување на пат среде градот Винтер Хејвен, пат кој само по игра на случајноста и среќата во тој момент беше празен.

Иако жива глава извлекоа делумно и поради лудата среќа, реално заслугата оди на сметка на пилотот Дејвис, кој присилното слетување го изведе смирено и без грешка, а Суровиец не можеше да издржи и да не заплеска со рацете откако слетаа. Набргу после слетувањето на местото пристигна брза помош но бидејќи не претрпеа никакви повреди, пилотот и копилотот одбија медицинска помош.

Лудило снимка. Погледнете ја.

 

Copyright © 2009 selotejp.com