Претседателот на УЕФА Мишел Платини потврди дека ЕП 2012 со сигурност ќе биде одржано во Украина и Полска и дека нема опасност евентуално да им биде одземена организацијата на ова натпреварување.
"Невозможно е Украина и Полска да го изгубат правото на организација на европското првенство", изјави Платини на конференцијата за новинари во Киев.
Првиот човек на УЕФА најави дека на 12-ти или 13-ти мај ќе биде одлучено кои градови ќе им бидат домаќини на најдобрите фудбалски репрезентации на Европа.
"За тоа кои градови ќе го организираат натпреварувањето, ќе одлучи Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Брисел", прецизираше Платини.