-->

Пилотот починал, патник го спуштил авионот!

По починување на пилотот за време на летот над југозападна Флорида, командата на двамоторниот авион ја превземал еден од патниците и така спасил живот на пет патници.

Инцидентот се случил во недела, а пилотот починал во моментот кога авионот бил на висина од нешто повеќе од 3.000 метри, а во тие моменти леталото било управувано од автоматскиот пилот.

Кога еден од патниците видел што се случува, управувањето на авионот го превземал во свои раце. Локалните власти известуваат дека патникот веќе 20 години имал дозвола за управување на едномоторен авион, но не и за голем модел како King Air кој одеднаш останал без пилот.

Храбриот патник упатството за управување на авионот го добивал од контролата за летање, која истовремено телефонски разговарале со производителот на тој тип на авион.

Авионот бил спуштен за 20 минути. Името на храбриот патник/пилот властите не сакале да го објават.

 

Copyright © 2009 selotejp.com