-->

Бритни тврди дека татко и ја дрогира!


Поранешната поп принцеза е убедена дека сопствениот татко ја дрогира за да може да ја контролира. Бритни, чиј психијатриски картон од ден на ден е се подебел, повторно страда од силна параноја.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, пејачката е убедена дека нејзиниот татко Џејми Спирс ја дрогира за да може да ја контролира.

Бритни е сигурна дека татко и ја дрогира за да ја претвори во зомби кое во целост ќе му се препушти“, рече близок извор за магазинот Look.

Од минатогодишниот нервен слом пејачката пие табелети за да ги спречи нападите на паника и депресија. Токму татко и е задолжен за контрола на испиените лекарства. Меѓутоа, пејачката забележала дека дозата во последно време се зголемува, што пријателите и го објаснуваат дека е поради „исцрпувачката турнеја“.

Колку чудно да звучи, Џејми Спирс не е првата личност за која Бритни мисли дека ја дрогира. Нејзиниот поранешен менаџер и призна на мајката на Спирс дека ја дрогирал Бритни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com