Фудбалерот на Милан ги негираше медиумските шпекулации дека го напушта клубот поради понудите на Јунајтед и Реал и повтори дека останува на Сан Сиро.
Медиумите претходните денови шпекулираа дека бразилскиот репрезентативец ќе замине во Манчестер или Мадрид. Тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, наводно сака да го донесе Кака во случај Кристијано Роналдо да го напушти Олд Трафорд.
Манчестер Сити во јануари за 26 годишниот Бразилец испрати рекордна понуда од 100 милиони фунти, но Кака тогаш изјави дека сака да ја заврши кариерата во Милан.
"Веќе кажав и покажав дека сум му посветен на Милан и повеќе не сакам да разговарам за тоа. Уживам во Милан и задоволен сум од третманот и поддршката во клубот", изјави Кака за италијанските медиуми.