-->

Кина забрзано ја надминува економската криза

Кина, 14 април, (Нетпрес) - Кинеската економија, во првиот квартал од годинава, покажала позитивни промени, подобри од очекуваните, информирал премиерот на Кина, Вен Џијабао. Оправувањето на третата најголема економија во светот, би помогнали и на другите земји, но Кина сама неможе да ја извлече од криза светската економија, сметаат светски познати аналитичари.

Кинеското стопанство покажува одлични знаци на опоравување, но дури и властите во земјата, кои неоспорно ја сакаат довербата на јавноста, напоменуваат дека подобрувањето сепак е сеуште на удар на светската финансиска и економска криза.

“Позитивните промени, кои ги надминале очекувањата, биле постигнати благодарение на државниот пакет за помош, а некои сектори се во процес на постепено оправување. Бидејќи светската криза сеуште не го достигнала своето дно, тешко дека можеме да кажеме дека кинеското стопанство само може да се извлече од ризата“, изјавил кинескиот премиер.

Увозот на нафта, руди, железо и други сировини, во март, годимава, во Кина се зголемил како одраз на стимулативниот пакет на Пекинг, наменет за индустријата. Исто така зголемена е и продажбата на автомобили и на станови, што укажува на тоа дека кинеските граѓани се расположени за трошење. Економското опоравување на Кина би им помогнало и на други земји, така што би се засилила побарувачката за нивниот извоз.

Проценките за економскиот раст на Кина за годинава, се движат од 8 отсто, што е официјална цел, до “само“ 5 отсто. Тоа би бил голем пад во однос на фантастичната стапка од 13 отсто во 2007 година.

Стимулативниот државен пакет од 4.000 милијарди јуани (586 милијарди долари) е насочен кон прилив на пари во економијата низ големи инвестиции во патишта и други јавни работи. Целта е да се засили довербата на јавноста и да се поттикнат граѓаните на поголема потрошувачка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com