-->

Камерон Дијаз во нова адвокатска комедија


Камерон Дијаз ќе игра секси адвокатка во новата комедија, каде што ќе го искористува својот сексипил за судските потреби.

Bobby Sue е новата адвокатска комедија со Камерон Дијаз во главната улога. Не грижете се, порачуваат странските медиуми, ова е далеку од Erin Brokovich и The Firm.

Станува збор за типична лесна комедија во духот на серијата Ally McBeal во која Камерон е вплеткана во адвокатскиот свет, искористувајќи го својот сексипил за судските потреби.

Дејството на филмот говори за жена (Дијаз) која ќе стане водечко лице и тело на адвокатската фирма откако еден од најдобрите клиенти ќе биде обвинет за сексуална дискриминација.

Сценариото го напишаа Леј Шерман, Овен Егертон и Крис Мас, кое Сега го преработува Дана Фокс, сценаристката на хит комедијата What Happens In Vegas.

Се уште не се знае кој ќе биде режисер, а во меѓувреме Дијаз ќе ја видиме во драмата 'My Sister's Keeper', чија премиера е закажана за 26 јуни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com