-->

Денвер во полуфиналето на Западот

Во петтиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на НБА лигата, Денвер утрово на свој терен го совлада Њу Орлеанс со 107:86 и со вкупен резултат од 4:1 во серија се пласираше во полуфиналето.

Противник на Денвер во полуфиналната серија од плејофот на Западот ќе му биде Далас, кој го избори пласманот против Сан Антонио.

Во петтиот натпревар од Источната конференција, Атланта утрово го совлада Мајами со 106:91 и поведе со 3:2 во серијата во која се игра до четири победи. Наредниот меч се игра за два дена во Мајами.

 

Copyright © 2009 selotejp.com