-->

Карлос моли за Реал Мадрид


Некогаш најдобриот лев бек на светот, ја користи секоја прилика која ја има отворено да им се понуди на челници на неговиот поранешен тим Реал Мадрид.

„Се чувствувам физички спремен и се уште сум мотивиран. Доколку ми се укажи прилика да одам во Реал Мадрид ќе прифатам бидејќи сакам да сум првак“, изјави Роберто Карлос.

„Кога слушнав дека Флорентино Перез е еден од кандидатите за претседател и се спомнува моето име, во тој момент веќе се спремив за селење. Би било одлично тој да стане претседател, а јас да се вратам на Бернабеу“, продолжи Карлос и не пропушти да го искритикува Рамон Калдерон.

„Се докажа дека тој клуб е преголем за него, и дека тој може само да го уништи. Реал треба да го врати почитувањето од светот, кое во последните години го изгуби.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com