-->

Мастиките се диетални

Ако сакате да го намалите внесувањето на слатки и грицки, џвакајте мастиките, порачуваат научниците. Новото истражување покажало дека освен...

...добриот вкус во устата и свежиот здив, мастиките можат да го контролираат апетитот и да ја намалат желбата за gumi-za-dzvakanje-dietalniјадење, а со тоа и да ни помогнат во губењето на килограмите.

Научниците дошле до заклучок дека со џвакањето не чувствуваме глад и дневно се внесуваат 60 калории помалку. Мастиките, покрај тоа што ја намалуваат гладта, истовремено го стимулираат метаболизмот.

Во истражувањето во Луизијана учествувале 115 мажи и жени, а дел од нив џвакале мастики без шеќер три часа дневно во попладневните часови.

Се покажало дека тие не чувствувале глад, но и немале желба да јадат нешто слатко. Со џвакање, попладневното грицкање се намалува за 40%, а внесувањето на слатки за 60 калории дневно.

Исто така, енергијата била поголема кај оние кои џвакале мастики. Се чувствувале помалку уморни од останатите. Ова истражување покажало дека мастиките се идеален сојузник во контролирањето на внесувањето на разни грицки и слатки задоволства.

 

Copyright © 2009 selotejp.com