Новите истражувања покажаа дека унапредувањата не се добри по здравјето, бидејќи луѓето кои напредуваат во кариерата обично се изложени на уште поголем стрес на работното место.
Британските научници открија дека луѓето кои добиваат унапредување во просек за 10% повеќе страдаат од ментална исцрпеност и најверојатно за овој проблем нема да побараат медицинска помош.
„Да се добие унапредување на работа и не е така добро како што мислат луѓето. Нашето истражување покажа дека менталното здравје на менаџерите обично слабее откако ќе добијат унапредување, а ова е далеку од краткотрајна промена. Нема никакви докази дека унапредувањето делува добро по здравјето на луѓето кои го добиле, освен што помалку ги посетуваат своите доктори што сигурно не е факт кој треба да се поздрави, туку нешто што загрижува“, изјави Крис Бојс од Универзитетот Ворвик каде е спроведено ова истражување.
И други студии покажале дека стресот може да биде штетен по здравјето на луѓето бидејќи го зголемува ризикот од различни болести, тргнувајќи од најбезопасните, па се до инфаркт или рак. Освен ова, поради стресот стануваме расеани.Освен ова, поради стресот стануваме расеани.Освен ова, поради стресот стануваме расеани.... Хмм... Ви кажавме дека поради стресот може да станете порасеани? Фала му на Бога што ние немаме стресна работа :)