... аукцијата во Женева.
Овој скапоцен камен, според проценките е вреден помеѓу 5 и 8 милиони долари.
Дијамантот има 7,03 карати, а е пронајден во јужна Африка минатата година.
Моментално е во сопственост на аукциската куќа "Sotheby's" која го изложи на лондонскиот "Mayfair".
Дијамантот ќе биде продаван на аукцијата која ќе се одржи на 12. мај во Женева.
Организаторите на аукцијата изјавуваат дека наспроти економската криза, за овој дијамант постои голема заинтересираност од потенцијални купувачи ширум светот.
Рекордот за сега го држи 3,73 каратниот дијамант кој "Sotheby's" го продаде лани за околу 5 милиони долари.
Оној што ќе го купи дијамантот, ќе ја има честа да му га деде името.