Кенгурче во белградската Зоолошка градина доби млеко од Австралија
Малото кенгурче, кое пред неколку дена предвреме излезе од мајчината утроба во белградската Зоолошка градина, вчера доби специјално млеко од далечна Австралија, пишува „Вечерње новости“.
За доставката се погрижи амбасадорката на Австралија во Белград Клер Биргин. Малата Тијана, како што беше нарчено кенгурчето од вработените во зоолошката градина, била родена доста пред терминот, и беше ставена во инкубатор.
Поради чувствителноста кон лактоза, Тијана не може да пие обично млеко, што многу ги усложнило првите денови на живот на кенгурчето.
- Се радуваме што зоолошката градина брзо реагира и го стави бебето кенгурче во инкубатор, изјави амбасадорката Биргин. - За среќа, успеавме во многу кус период да ги обезбедиме неопходните количества млеко, за да може кенгурот нормално да се развива, додаде таа.
За предвременото раѓање на Тијана имал влијание нојот Ему од соседниот кафез, кој ја исплашил нејзината мајка. Малата Тијана сите ги изненадила во зоолошката градина, кои по еден час се обиделе да ја вратат во мајчината утроба, но мајката го отфрлила бебето.
Во тој момент била алармирана голема екипа експерти, кои веднаш побарале совет од своите колеги од цел свет, пред се од Австралија и Америка, пишува белградскиот весник.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)