Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска ќе одржи завршна средба со резидентните претставници на дипломатскиот кор во земјава, по повод заминувањето од претседателската функција.
Во рамките на работниот дел на средбата, покрај Црвенковски кој ќе има обраќање на тема „Иднината на Република Македонија низ призмата на пријателите“, ќе говорат и амбасадорите на земјите постојани членки на Советот за безбедност на ОН, амбасадорот на Народна Република Кина Донг Чунфенг, на Француската Република Бернард Валеро, амбасадорот на Руската Федерација Владимир Солоцинскиј, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Ендрју Ки и амбасадорот на САД Филип Рикер, како и шефот на Делегацијата на Европската комисија во земјава, Ерван Фуере.