-->

Винаријата Тиквеш во регионален триумф со преубавата Николина

Македонија, 22 април, (Нетпрес) - Најголемата Македонска винарска визба “Тиквеш“ од денеска како заштитно лице на новата продажно – маркетиншка кампања ја ангажираше познатата хрватска ТВ новинарка и колумнистка Николина Пишек.



Како што рече генералниот директор на винарската визба “Тиквеш“ Ѓорги Петрушев ова кампања е концентрирана најмногу во регионот, со што позицијата на “Тиквеш“ ќе се зацврсти и ќе се издигне понатаму во еден нов квалитет.

“После 5 години кој инвестиравме, сега сакаме да го покажеме тоа што го постигнавме и веруваме дека Николина е идеалниот човек. Сакаме виното да го споиме со нешто убаво, со еден нов модерен животен стил. Кога сите зборат за криза, депресија ние решивме дека сега е време за акција. Уште повеќе да го промовираме не само Тиквеш како бренд туку и македонското вино како вредност како бренд. Дојде времето да го потврдиме нашиот регионален триумф. Бидејќи зборуваме за вино за убавина, а кој друг може подобро да го престави тоа освен убава и прекрасна жена“, изјави Петрушев.

Како што рече преубавата Николина до неодамна малку знаела за квалитетното македонско вино, но соработката со “Тиквеш“ и отворила нови хоризонти.

“Понудата на винријата “Тиквеш“ ме изненади, но истовремено ме заинтересира да дознам повеќе за виното, за неговото производство, начинот на консумација , за тоа кое вино со каква храна одговара. Моите нови откритија за виното, буквално ме навлекува на него. Малку калори, многу задоволство и моменти за уникатно доживување. Им благодарам на луѓето од Тиквеш што ми помогнаа да ја откријам тајната на врвните вина“, истакна Пишек.



Според менаџерот за извоз Катерина Костовска, моменталниот тренд на продажбата на вината на “Тиквеш“ е 60 отсто извоз и 40 отсто за домашниот пазар.

“Се работи за една бројка од над два милиона шишиња што се продаваат на Европските пазари и во Америка. Германија, Норвешка, дел од Скандинавските земји и Англија се едни од нај просперитетните пазари. Она кое и фали на Македонија и тоа на “Тиквеш“ е промоција малку повеќе на регионот, запознавање на светската јавност кој се винските региони во Македонија. Бидејќи определба и на државата и на компанијата е пласман на високо квалитетни вина и врвни, така што и “Тиквеш“ од година во година го намалува делот на наливно виноно. Се сведува на околу 15 отсто од вкупната продажба. Се повеќе се зголемува продажбата на врвното вино“, изјави Костовска.

Поради економската криза општо земено побарувачката на вино е намалена. Според менаџерите на “Тиквеш“ во одредени земји се забележува пораст на побарувачката, а во некои пад.

“Верувам Македонија во 2009 година ќе успее да се избори регионот да го пласира на светските пазари без некои позначајни пореметувања во трендот на продажбата. До сега не се забележува значителни падови на интернационалните пазари“ додаде Катерина Костовска.

По промоцијата наменета за македонската јавност, Николина и луѓето оф ВВ “Тиквеш“ заминуваат на белградската недела на модата каде ќе биде промовирана серијата на вина на “Тиквеш“ “Александрија Куве“, како уште еден додаток кој покрај убавата облека го заокружува уникатниот животен стил на современите луѓе.

 

Copyright © 2009 selotejp.com