-->

Парламентарни избори во Индија

Во Индија денеска почна првата фаза од парламентарните избори, што се одвиваат во пет фази и ќе траат до 13 мај.

Во 124 изборни региони во 15 сојузни држави и две територии од северниот и источниот дел на Индија ќе гласаат 714 милиони луѓе за 543 пратеници.

Фаворите на изборите се владејачката коалиција Обединет прогресивен сојуз (УПА)предводена од Конгресната партија и Националниот демократски сојуз и коалицијата предводена од хиндуистичката националистичка Барати џаната партија. Доколку една од овие две коалиции не формира влада, постои можност на власт да дојде сојузот на партии познат како „Трет фронт“.

Аналитичарите наведуваат дека во случај на победа на досегашната коалиција УПА можен е пад на цените на акциите или на курсот на рупијата, додека евентуалната победа на коалицијата предводена од комунистите би довела да сигурен пад на акциите за 15 до 30 проценти, како што се случи во 1996 година.

Индија, според предвидувањата годинава ќе има најмала стапка на економски раст за последните шест години од 7,1 проценти поради остриот пад на домашниот пазар за недвижности и на производството на автомобили.

Аналитичарите истакнуваат дека на Индија и е потребен континуиран раст од осум до девет проценти за да ја искорени сиромаштијата и да ја намали стапката на невработеност. Вредноста на индиската економија се мери со билиони долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com