-->

Пепе: Немам волја за фудбал


По извинувањето што го даде по средбата со Хетафе, дефанзивецот на Реал Мадрид Пепе јавно проговори за тешкиот период низ кој поминува.

„Ги изгледав снимките и не се препознав самиот. Го изгубив трпението и полудев, но јас не сум таков“, рече тој.

„Најголемата казна за мене е ова низ што поминувам сега. Ако одлучам дека нема шанси да му се вратам на фудбалот, ќе пробам со нешто друго“, додаде Португалецот.

Пепе ја очекува казната од Шпанската фудбалска федерација, но и од неговиот матичен клуб, што би можеле да му ја завршат сезоната како и кариерата во Реал Мадрид, посебно ако новата администрација на Реал се одлучи да го продаде летово.

Се очекува казната да биде од 6 до 10 натпревари неиграње за Португалецот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com