-->

Астронаут тврди - вонземјаните постојат

Вонземјаните постојат, но американската влада ја крие вистината, тврди поранешниот астронаут на НАСА Едгар Мичел.

Мичел, кој во 1971 година беше со „Apollo 14“ мисијата на Месечината, ваквите тврдења ги обелодени за петата годишна Икс-Конференција (X-Conference) на лицата кои веруваат во НЛО и други форми на живот.

Поранешниот астронаут исто така откри дека требал да биде дел од истрагата на „Розвел инцидентот“ од 1947 година, за кој се верува дека е уривање на НЛО, но бил запрен од воените власти.

-Не сме сами. Нашата судбина, а која сметам дека треба да почнеме да ја исполнуваме, е да станеме дел од планетарната заедница... Треба да тргнеме надвор од нашата планета, надвор од нашиот соларен систем за да откриеме што навистина има таму, во останатиот дел од Вселената, изјави 78-годишниот астроном.

Мичел пораснал во Розвел, Ново Мексико, место каде, според некои кои веруваат во НЛО во 1947 година се урнал неидентификуван летачки објект. Поранешниот астроном тврди дека американските власти го замолчиле локалното население и му наредиле да не зборува за нивното искуство.

Мичел тврди дека пред 10 години во Пентагон го покренал прашањето за доказите на локалното население од Розвел за НЛО. Неименуван адмирал од американската војска му ветил дека ќе му открие повеќе докази. При обидот да добие повеќе информации за инцидентот, врвот на американската армија му го забранил пристапот до овие строго доверливи податоци. Мичел тврди дека адмиралот сега ја негира целата приказна.

-Им советувам на сите кои се сомневаат во официјалната верзија за „Розвел инцидентот“ да ги прочитаат сите достапни книги, на тој начин ќе се стекнат со знаење и ќе разберат што навистина се случува. Нема сомнение дека вонземјаните не посетиле. Универзумот во кој живееме е многу поубав, повозбудлив, покомплексен и многу полесно дофатен отколку што сега мислиме, вели Мичел.

-НАСА не следи НЛО. НАСА не е вклучена во прикривање информации за вознемјански форми на живот ниту на Земјава, ниту на било кор друго место, изјави портпаролот на НАСА.

- Во американската политика постои уште една забранета тема, а тоа е прашањето за постоењето на НЛО, изјави Стефан Басет, директор на Paradigm Research Group (PRG), организацијата која ја организираше „ Икс-Конференцијата“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com