-->

Фудбалско лудило на Стемфорд, Челзи во полуфинале

Многу голови, пресврти, еуфорија и конечен триумф на Челзи во антологискиот реванш натпревар од 1/4-финалето на ЛШ.



4:4 за вкупни 7:5 и дуел со Барселона која мирно, без многу проблеми го помина реваншот во Минхен играјќи 1:1 против Баерн. 2 гола на Лампард, еден на Доргба и бомба од Алекс, зачинети со одлични асистенции на Анелка и Дрогба го трасира Челзи во полуфиналето втора година по ред, иако првото полувреме не наветуваше добар развој на настаните за сините.

Ливерпул водеше со 2:0 на полувреме, но прими евтин гол на почетокот на второто и се чини тука почна пресвртот. Потоа следеше одлична пресинг игра на Челзи на средината, неколку добри акции и уште 2 гола за предност од 3:2. Но, никој не веруваше дека од 81-83 минута Ливерпул ќе постигне 2 гола и повторно ќе дојде на само гол до пласман во полифинале. Но, Лампард постигна уште еден и натпреварот заврши конечни 4:4.

Во Минхен, Барса без Анри во составот немаше проблеми со Баерн, ниту по водството на домаќините на почетокот на второто полувреме.

Барселона - Челзи е првата полуфинална двојка сезонава во ЛШ. Вечерва се играат преостанатите два натпревари: Порто - Манчестер Ј. и Арсенал - Виљареал.



Bayern Munich [1 - 1] Barcelona
47' [1 - 0] F. Ribery
73' [1 - 1] S. Keita



Chelsea 4 - 4 Liverpool
19′ [0 - 1] F. Aurelio
28′ [0 - 2] X. Alonso (penalty kick)
51′ [1 - 2] D. Drogba
57′ [2 - 2] R. Alex
76′ [3 - 2] F. Lampard
81′ [3 - 3] L. Leiva
83′ [3 - 4] D. Kuyt
89′ [4 - 4] F. Lampard

 

Copyright © 2009 selotejp.com