Во синоќешниот натпревар од плејот на Источната конференција, кошаркарите на Бостон со тројката на Реј Ален на две секунди пред крајот го совладаа Чикаго со 118:115 и изедначија на 1:1.
Ален, кој го заврши натпреварот со 30 поени, на 23 секунди пред крајот на мечот со тројка изедначи на 115:115, за во последните секунди со нов шут за три поени и донесе на својата екипа победа и изедначување. Чикаго победи во првиот меч со 105:103.
Кошаркарите на Сан Антонио го победија Далас со 105:84 и така изедначија на 1:1 во плејофот од Западната конференција. До победата ги предводеше Тони Паркер со 38 поени, од кои 27 ги постигна во првото полувреме, додека Тим Данкан оствари "дабл дабл" со 18 поени, 11 скокови и пет асистенции, а Дру Гуден додаде 13 поени.
Најефиксаен во екипата на Далас беше Џејсон Тери со 16 поени, а Дирк Новицки постигна 14.