-->

Bluetooth 3.0, брз како Wi-Fi

Иако техничките спецификации за оваа технологија сеуште ги очекуваме, во јавноста веќе излегоа некои информации за новата генерација на Bluetooth.

Целосната спецификација на Bluetooth верзијата 3.0 ќе биде објавена на 21-ви овој месец, но веќе се познати дел од новитетите. Најважно, брзината на пренос на податоците се зголемува речиси на нивото на Wi-Fi, што би значело повеќекратно зголемување во однос на постоечкиот Bluetooth 2.0 кој има брзина од 3 Mbps.

Ова ќе донесе до нови форми на поврзливост и комуникации меѓу компатибилните уреди. Уредите со примена на новата технологија во рамките на Bluetooth 3.0 ќе воспоставуваат единствени Wi-Fi конекции „еден на еден“, а додатоците како Enhanced Power Control ќе се погрижат врската меѓу уредите да не прекине, дури и ако еден од нив се стави во некој затворен простор како торба или џеб.

Целосните детали за Bluetooth 3.0 ќе бидат познати на 21-ви април, кога Bluetooth SIG (Special Interest Group) веројатно ќе го објави и датумот на почетокот на комерцијалната примена на новата технологија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com