-->

DMX ќе се ја лечи зависноста од дрога пред камери

Раперот DMX стана нов станар во куќата на зависници, реалното шоу 'Celebrity Rehab'.



Најновото големо име во поставата на 'Celebrity Rehab' е DMX, проблематичниот рапер кој во последно време ги руши рекордите за апсење во најкраток временски период, а кој за сите свои казнени дела доби 90 дена затвор

DMX е првото име објавено во јавноста за новата трета сезона од екстремно популарниот серијал 'Celebrity Rehab' кој се емитува на VH1 каналот, реално шоу во кое славните личности се одвикнуваат од дрога пред камера.

Покрај дрогата DMX имаше проблеми и со илегално оружје, злоупотребување на животни, сообраќајни прекршоци, лажно претставување, одбивање да плаќа сметки итн.

 

Copyright © 2009 selotejp.com