Google започна со нудење на новата услуга наречена Profiles (профили) која на корисниците им овозможува едноставно и унифицирано персонализирање на сите услуги на компанијата.
Некои од услугите на Google и досега нудеа креирање на профили. Меѓутоа, профил на blogger или на Google Groups не мораше да содржи исти податоци што најчесто и се случуваше, додека на некои други места не беше можно поставување на повеќе податоци - на пример, фотографија на Google Talk.
Сега, секој корисник на Google може да креира свој профил кој ќе го идентификува пред сите корисници низ сите услуги на Google кои планира да ги користи. Податоците кои можат да се стават на профилот се стандардни. Во споредба со некои други страници, по малку минималистички, но функционално. Впрочем, како и дизајнот на самиот пребарувач.
Со овој потег, пребарувањето на луѓе на интернет со помош на Google ќе резултира со исфрлање на името на корисникот кој се бара, секако под услов да има креирано профил на Google.