Во Apple континуирано работаат на подобрување на безбедноста на нивните производи, па последната иновација на компанијата воопшто не зачудува. На Американското патентно биро му предадоа барање за патентитрање на техонолгијата која би овозможила праќање на автоматска информација кон полицијата при кражба на телефон од нивно производство.
Деталите на технологијата не се во потполност најјасни, но како што известува AppleInsider, предложената безбедносна опција при кражба на некој iPhone би алармирала кон одредена безбедносна служба со помош на електронска пошта или телефонски повик. Алармот би вклучувал и податоци за локацијата на украдениот телефон базирана на GPS координатите на истиот.
Безбедносната служба ваквата информација би ја проследила до полицијата која би се впуштила во потрага на потенцијалната локација на украдениот телефон, каде што полицаецот или некој службеник би можеле со телефонски повик да го активираат алармот на самиот iPhone.
Технологијата со која уредот сам би одредил кога е украден ќе се базира на мерење на некаква необична активност на активниот телефон, како некоја необјаслива бучава, тресење или слично, користејќи го акцелерометарот вграден во телефонот.
Баш и не ни е најјасно како целата процедура ќе функционира во пракса, но сигурно е дека легитимниот сопственик на iPhone нема да може да оди на рекреативно трчање без да ја исклучи најавената сигурносна опција.