-->

Nokia и Sony Ericsson во зорт

Најголемите производители на мобилни телефони ги објавија извештаите кои покажуваат голем пад на продажбата во однос на минатата година.

Sony Ericsson објави дека во првиот квартал од 2009 година забележал 35% пад на продажбата, што резултирало со загуба од 358 милиони евра. Последицата од таквите резултати во работењето ќе биде отпуштање на дополнителни 2.000 работници по веќе завршеното отпуштање на исто така 2.000 работници. Управата на Sony Ericsson го доврши процесот на реструктуирање со цел намалување на трошоците и ќе започне ново кое би требало да биде довршено до средината на 2010 година, по што се очекува враќање на приходите на компанијата во зелено.

Nokia исто така бележи пад на продажбата во првиот квартал од годинава. Телефоните на финскиот производител на почетокот од годинава се продавале 27% помалку од минатата година. Најголем пад на продажбата од 45% имало во Латинска Америка, Северна Америка купувала 31% помалку, а најмалку драматиќно било во Европа (13 отсто помалку) и во Кина (15%). Остварените приходи паднаа на 122 милиони евра, што Nokia не ја прави загубар, но заработката е сепак далеку од 1,2 милијарди евра остварени минатата година во истиот период. Од Nokia велат дека првиот квартал од 2009 година го предвидувале како најлош во оваа криза и дека очекуваат ситуацијата од сега да почне да се подобрува.

 

Copyright © 2009 selotejp.com