Откако минатата недела IBM се откажа од купувањето на Sun, во игра се вклучи Oracle, кој за оваа аквизиција ќе оддвои околу 7,4 милијарди долари.
Oracle ќе плати 9,5 долари по акција, што собрано на куп ќе изнесува околи 7,4 милијарди долари. Според објавата на Oracle, управниот одбор на Sun едногласно ја одобрил аквизицијата, а целосното превземање се очекува ова лето, откако зделката ќе ја одобрат акционерите и одредени законодавни тела.