-->

Renault подготвува Twingo CC

Францускиот произведувач на автомобили Renault подготвува CC изведба на моделот Twingo, кој на пазарот ќе се појави во текот на следната година, поточно по парискиот саем за автомобили во 2010 година.

На интернет веќе на големо се шпекулира за доаѓањето на новата изведба на Twingo, а наводно забележаните тест прототип автомобили дополнително ја разгореа приказната дека Renault подготвува своја верзија на Ford Puma.

Како треба да изгледа автомобилот, кој во моментов се крие под кодното име X33, можете да видите на рендерите од британскиот AutoExpress. Се претпоставува дека новото Renault ќе биде долго 3,7 метри, а моторизацијата ќе ја сочинуваат два мотора.
Станува збор за 1,2-литарски TCE со сила од 100 KS, кој беше употребен во Twingo GT, како и за 1,6-литарскиот бензинец со сила од 131 KS, застапен и во Twingo RS моделот.
Секако дека моторите може да претрпат одредени измени, особено ако се има предвид фактот дека Renault планира да го намали нивото на штетни гасови во целокупната понуда. Имајќи ја предвид оваа информација, во иднина може да очекуваме и електрична и хибридна изведба.

За разлика од најавениот концепт (втората и третата слика), како што јавуваат изворите блиски до компанијата, малиот кабрио ќе биде опремен со кров кој рачно се склопува и кој може да се смести во багажниот дел на автомобилот. Ова решение значително ќе ја намали цената на овој модел во споредба со конкурентските кои имаат електронско регулирано склопување на кровот.

Со оглед на тоа дека станува збор за мал автомобил кој првенствено е наменет за младата публика, во Renault наводно сериозно размислуваат да понудат цена која би требала да биде прифатлива.

 

Copyright © 2009 selotejp.com