-->


Кошаркарите на Орландо го победија Кливленд со 107:106 и поведоа со 1:0 во финалната серија од Источната конференција.

Орландо до победата го предводеа Двајт Хауард со 30 поени и 13 скокови и Рашард Луис со 22.

Кошаркарите на Кливленд по ппрвото полувреме водеа со 63:48, но Орландо успеа да ја намали разликата и на 10,6 минути пред крајот првпат поведе со 85:84. По тројката на Џејмс, Кавалирс на 31 секунда пред крајот на натпреварот поведоа со 106:104 , но Луис со шут за три поени им донесе победа на Орландо и предност во финалната серија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com