-->

Вардар Про нов ракометен шампион на Македонија

rk-vardar-pro240px by you.

Ракометарите на Вардар Про со победата од 34:22 против битолски Пелистер на две кола до крајот и официјално станаа нови прваци на Македонија.

Ова е седма титула за "црвено-црните" и со тоа сега се најуспешен ракометен колектив по бројот на титули. Пелистер остана со 6. Вардар Про титулата ја обезбеди и теоретски бидејќи има шест бодови повеќе од вториот Металург.

Во женска конкуренција шампионот е од поодамна познат, а тоа е екипата на Ѓорче Петров. Тие синоќа го подигнаа 17. пехар во ракометниот шампионат на Македонија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com