-->

Видео: Иниеста и пред 10 години на ист начин го реши Челзи


Како судбината може и среќно да си поигра со луѓето. Познато е дека историјата се повторува, но ова делува по малку неверојатно. Истиот човек, истиот клуб, истиот противник, на ист начин!

Андрес Иниеста во средата со гол во последните моменти од мечот го елиминираше Челзи од Лигата на шампиони. Истиот човек пред десет години, како 16-годишен капитен на младинскиот тим на Барселона го реши Челзи во последните мигови од мечот, но тогаш на Најк купот.

За работата да биде уште почудесна, и пред десет години и сега прв му честиташе Пеп Гвардиола. Погледнете!


 

Copyright © 2009 selotejp.com