-->

Ник Кејв напиша сценарио за Гладијатор 2


На интернет може да се најде сценариото што го напиша Ник Кејв за продолжение на Гладијатор. Сценариото е одбиено бидејќи било премногу претерано! Гладијаторот на Кејв е вечен, има супермоќи и се бори и во Втора светска војна!

На интернет се појави одбиеното сценарио кое популарниот авангарден даркер го напишал за продолжението на филмскиот хит. Станува збор за ракопис за Гладијатор 2, продолжение на големиот хит на Ридли Скот, кое го напиша Ник Кејв откако за тоа лично го замолил Расел Кроу.

Кроу мислел дека Кејв е единствениот што може да измисли приказна по смртта на главниот лик, гладијаторот Максимус.

Приказната на фронтменот на Бед сидс сепак на крајот е одбиена заради ’премногу претерување’ – во неговото сценарио, Максимус се реинкарнира по средбата со римските богови во задгробниот живот. Потоа повторно се наоѓа со својот син, а на крајот добива и моќ на вечен живот, заради што го гледаме како се бори во Втората светска воја и во Виетнам.

Во последната сцена гладијаторот живее во денешно време и работи во Пентагон. Скот потврди дека ја цени фантазијата на Ник Кејв, но сепак....

 

Copyright © 2009 selotejp.com