-->

Во светот регистрирани 2.099 лица болни од новиот грип

Бројот на заразени од грипот од типот А (Х1Н1) се искачи на вкупно 2 099 заразени лица во 23 држави, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, потврдени се 42 смртни случаи во Мексико и два во САД. Мексиканските власти и покрај ова, оценуваат дека најлошото помина, поради што се ублажени рестрикциите на јавните активности во земјата. Во Канада од новиот вирус се инфицирани 201 лице, во Шпанија 73, а во Британија 28. Во Германија има девет случаи, во Италија, Нов Зеланд и Франција има по пет, Во Израел четири, а во Јужна Кореја и Салвадор по два. Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е значително зголемување на заболените во Шпанија од 57 на 73.

 

Copyright © 2009 selotejp.com