-->

Секои 40 секунди по едно самоубиство во светот


9 мај, (Нетпрес) - Годишно во светот најмалку милион луѓе си го одземаат животот, што значи дека по едно самоубиство се случува на секои 40 секунди, покажале резултатите на студијата објавени во медицинското списание “Лансет“.

Во Кина се регистрира повеќе од 30 отсто од вкупниот број на самоубиства, а појавата е загрижувачка и во земјите од поранешниот СССР, каде годишно стапката на самоубиства изнесува 45 случаи на 100.000 жители.

Според податоците од студијата, потврдена од Светската здравствена организација, во Европа самоубиствата се поизразени во северните земји, а најмалку ги има во медитеранските држави. Самоубиствата, како причина за смрт, се на 10-то место во светот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com