Со ребалансот на буџетот, Претседателот на Република Македонија годинава ќе има на располагање 56.181.000 денари, наместо претходно предвидените 72.861.000 денари.
Околу една петина од тие средства се наменети за покривање на патните трошоци на шефот на државата.
За плати, наемнини и надоместоци за вработените во неговиот кабинет ќе бидат потрошени околу 17 милиони денари, а за евентуална набавка на мебел, опрема или возила 977.000 денари.
Платата на шефот на државата е околу 1.500 евра.