-->

Јунајтед нуди 62.5 мил. фунти за Рибери


Манчестер Јунајтед сериозно се подготвува за заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид. Англискиот и европски првак подготвен е за францускиот плејмејкер Франк Рибери, да му понуди на Баерн рекордна сума.

Англискиот весник Гардијан утрово јави дека нивните извори во Минхен потврдиле дека стигнала понуда за Рибери. Оваа информација ја потврдуваат и зборовите на Ули Хенес дека ако си замине Рибери ќе се обидат да го доведат Диего.

Ако се остварат овие шпекулации, трансферот на Рибери ќе биде номинално највисок во историјата – поголем дури и на Зидан од 2001 година.

Сепак, ваквите информации може да се протолкуваат и како обид да се крене цената на Рибери за кој до пред извесно време се спомнуваа суми од 30-40 милиони евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com