-->

Наследник на Alfa 147 - Alfa Romeo Milano

Alfa Romeo привршува со развојот на својот најнов компакт модел Milano, кој претставува наследник на особено атрактивниот модел 147. Каросеријата засега би требало да биде исклучиво со пет врати, бидејќи улогата со три врати во потполно ја презеде Alfa MiTo.

Alfa Milano ќе влезе во малку поелитното друштво, па ќе биде главен конкурент на VW Golf, Audi A3 и BMW серија 1. Milano се базира на потполно нова платформа, на основа на која ќе биде изработена и Alfa Romeo Gullia, автомобилот кој ќе го замени моделот 159.

Платформата со име C-Evo ќе понуди можност за нови MultiAir мотори и погони на предните или сите четири тркала.

Од погонските агрегати најавени се 1,4 литарски бензински, дизел со 1.9 литри, а на врвот на понудата ќе биде 3,2-литарски V6 со 265 KS. Како и сите нови модели на Alfa, така и оваа дизајанерски ќе одговори на актуелниот тренд кој го започна моделот 8c Cometizione.

Се уште не е донесена конечната одлука за датумот на официјалното претставување, а како можни се споменуваат саемот во Франкфурт, односно Женева.

 

Copyright © 2009 selotejp.com