-->

На Марс снимиле глава од вонземјанин месојадец

Сондата Spirit Rover, која полека патува по површината на Марс, снимила фотографија за која НЛО фанатиците велат дека на неа има череп на мртов вонземјанин.



NASA ја објавила фотографијата од Марс на која се гледа нешто кое многу потсетува на череп од вонземјанин. Сондата Spirit Rover која полека патува по површината на Марс ја снимила и испратила оваа фотографија, пренесува The Sun. НЛО фанатиците коментирале во четвртокот навечер на NASA форумот дека “тоа на сликата не е никаков камен “.

“Како кај оние вонземјани од Roswell, черепот има зашилена брада и големи очи разделени пет сантиметри едно од друго. Има и мала шпицеста уста. Ова суштество најверојатно е месојадец.“- напишал еден форумаш. Друг фоумаш се пошегувал на неговиот коментар и напишал. “Дали на овој вонземјанец му е отсечена главата или е закопан до врат?“

 

Copyright © 2009 selotejp.com