-->

Најмалото глувче на светот

А можеби и најнеудобното. Јапонската компанија TEC е горда на фактот дека нивното глувче под назив Lingo е најмалото на светот. Сето ова е добро, но кој ќе го користи?

Lingo работи на една обична ААА батерија, тежи 23 грама, а димензиите му се 27,5 х 60 х 19 милиметри. Работи бежично со домет до 10 метри, а батеријата му трае 15 часа.

Сите овие карактеристики го прават исклучително преносен и практичен кога сте некаде на пат, но освен ако немате минијатурна рака, подолгото негово користење најверојатно ќе биде прилично неудобно. Во секој случај, колку за информација, доколку сакате да станете горд сопственик на најмалото глувче на светот, за тоа задоволство ќе морате да платите 50 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com