-->

Бомби кои пошумуваат

seedbomb by you.

Научниците открија нов начин за борба против уништувањето на зеленилото на Земјата. Станува збор за "семенски бомби" (seedbombs) на дизајнерот Хванг Јин Вук. Не, овие бомби не уништуваат ништо, за разлика од останатите бомби, нивната задача е да помогнат во заштитата на планетата.

"Семенската бомба" е неконвенционален тип на распрскувачка бомба дизајнирана кога ќе се фрли на одредено подрачје да се распрсне во воздух и да испушти десетина "боеви глави" наоружани со семе од растенија. Кога ќе паднат на земја, капсулите со семе се вкопуваат во тлото. Заштитната капсула околу семето му ги пружа на младото растение сите потребни услови да почне да расте. Како што растението расте, така капсулата направена од биоразградлива пластика се распаѓа овозможувајќи продирање на коренот во тлото.

Дизајнерот Хванг Јин Вук бил инспириран од легендарниот американски пилот Гејл С. Халверсон кој после Втората светска војна од авион "во име на надеж" на берлинските деца им фрлал слатки.

Уништувањето на зелените површини на Земјата е причина за 20% од глобалното зголемување на емисијата на гасови кои предизвикуваат климатски промени. Подрачјата на Амазонија и југоисточна Азија највеќе се погодени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com