-->

Бебешката храна понездрава од чизбургерот

Чизбургерот и чоколадниот бисквит се поздрави од некои производи, наменети за бебиња, покажа последното истражување.

Студијата наречена „Junk Food For Babies“ сугерира дека корените на лошата исхрана и проблемот со вишокот килограми треба да се бараат уште во периодот додека сме во пелени.

Анализата на над 100 прехранбени производи наменети за бебиња и деца покажа дека оваа храна има преголема количина на заситени масти, сол и шеќер.

Експертите велат дека ваквата храна ги тера децата до крајот на животот да сакаат нездрава храна, пребогата со калории.

Лоби групата „Children's Food Campaign“ вели дека детските бисквити „Farley's Original Rusks“ на Heinz содржат многу повеќе шеќер на грам, од препорачаното, а истото се однесува и за солените бисквити кои пак изобилуваат со преголема количина на заситени масти. Анализите покажале дека солените детски бисквити со сирење на Heinz содржат поголема количина на заситени масти дури и од детскиот чизбургер на McDonald.

На црната листа на лоби групата се најдоа и бисквитите на компанијата „Cow & Gate“, кои како што покажаа анализите содржат транс-масти, кои пак се поврзуваат со високиот холестерол и со затнување на артериите.

Само четвртина од производите на Heinz ги исполнуваат стандардите, а еден од девет производи на „Cow & Gate“ има преголема количина на шеќер. Повеќето производи за бебиња и деца кои се наоѓаат на пазарот се рекламираат како „здрави“. Во реалноста, кога ќе ја утврдите количината на шеќер и на заситени масти гледате дека тие се тотално нездрави за децата. На некои дури и не е наведено дека содржат транс масти, кои се особено штетни. Ова е незамисливо и недозволиво, вели Кристин Хејг од „Children's Food Campaign“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com