-->

Роналдо го демантираше трансферот во Реал Мадрид

Најдобриот играч за 2008 година во светот, Кристијано Роналдо, ги реши сите дилеми околу неговиот престој во Манчестер Јунајтед за наредните сезони.

Кристијано Роналдо конечно проговори околу неговите планови слушајќи го постојаниот интерес на Реал Мадрид за ова лето.

Португалецот изјави дека се гледа во иднина како играч на Манчестер Јунајтед и сака да стане легенда на тимот, како што е во случајот со Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил во моментов.

"Не размислувам повеќе за Мадрид, Тој сон е веќе мртов. Единственото нешто што го сонувам сега е Манчестер Јунајтед и освојување на Лигата на Шампионите повторно во Рим. Сакам да останам во Манчестер зашто сакам да бидам легенда тука. Видете како го возвишуваат сега Рајан Гигс. Тој тука е веќе легенда, а јас сакам да бидам како него", изјави Роналдо.

Најдобриот фудбалер во Јунајтед со оваа изјава ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед кој беа загрижени околу неговата иднина.

 

Copyright © 2009 selotejp.com