-->

Видео: Хамбургер испадна заради хартиено топче!


Погледнете ја чудната случка од полуфиналето на Купот на УЕФА. При резултат 2:1 за Вердер, одбранбениот фудбалер на Хамбургер Михаел Гравгард сакаше да ја исфрли топката, но хартиеното топче што лежеше на теренот го спречи во тоа и топката заврши во корнер.

Токму од тој прекин беше постигнат одлучувачкиот гол за Вердер, а иронијата да биде поголема, хартиената замка ја фрлија токму навивачите на Хамбургер.







 

Copyright © 2009 selotejp.com