Симпсонови се најдоа на поштенски марки
Американската пошта промовираше серија поштенски марки со ликовите на популарната телевизиска серија „Симпсонови“, која годинава прославува 20 години од почетокот на емитувањето.
„Симпсонови“ се прва телевизиска серија што се уште се емитува, на која и е укажана ваква чест.
Вчера објавената серија се состои од пет марки со ликовите на Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги Симпсон.
- Ни претставува чест што Поштата се реши за нас, изјави извршниот продуцент на „Симпсонови“, Џејмс Брукс.
Творец на Симпсонови, кои првпат се појавија на малите екрани во 1989 година, е Мет Грејнинг. Серијата дава критичка слика на САД преку животот на семејството Симпсон, кое го сочинуваат мрзелив татко, кој сака пиво и крофни, нежна мајка, палав син и две талентирани ќерки.
Серијата е наградена со 24 телевизиски награди Еми. „Симпсонови“ се досега најдолго емитувана хумористична серија во историјата, а неодмна телевизијата Фокс потпиша договор за уште две сезони.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)