Матурантите оваа година нема да бидат екстерно тестирани
Со овој проект со кој ќе се оценува објективноста на наставниците ќе бидат опфатени учениците до трета година средно, соопшти Министерството за образование и наука.
По вчерашната објава во некои медиуми дека и тие ќе бидат тестирани од 11 до 20 мај повеќе скопски матуранти денеска протестираа пред МОН барајќи укинување на одлуката зашто им претстои полагање државна матура во јуни.
- Само наставниците кои предаваат во четврта година ќе бидат проверени преку други форми и методи за да се утврди нивното професионално однесување и објективно оценување, соопшти ресорното Министерство.
За сите ученици за кои ќе важи екстерната проверка тестирањето по одреден предмет ќе се реализира од 1 до 10 јуни.