-->

Тетовиран маж ја донира својата кожа

Пензиониран наставник по историја ја донира својата тетовирана кожа на уметничка галерија.

Телото на Геоф Остлинг (65) е целосно прекриено во тетоважи од егзотични цвеќиња кои што се насликани во текот на петнаесетгодишната соработка со култниот изработувач на тетоважи Ex de Merci. Темата на тетоважите е ,,сите цвеќиња на сиднејската градина”.

-Сакав нешто уникатно па си помислив на градина со растенија, со домашни и увозни цвеќиња кои што може да се најдат во една сиднејска градина, вели Остлинг.

Тој се заколнал дека по својата смрт неговата кожа ќе биде донирана на Националната галерија во Канбера.

-Донирањето на кожа не е ништо невообичаено во светот но тетоважите се револуционерни, истакнува шеесет и пет годишниот пензионер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com