-->

Кристина Агилера ќе биде стриптизерка


Вo својот прв игран филм Кристина ќе глуми танчерка во стриптиз клуб во еден мал американски град, обидувајќи се да дојде до славата во Лос Анџелес.

Всушност станува збор за мјузикл во кој Агилера ќе ја глуми главната женска улога, додека филмот ќе го режира помалку познатиот актер и режисер Стив Антин, брат на прославениот кореограф Робин Антин, кој од танчерките од еден бар, ги создаде денес светски познатите Pussycat Dolls.

Како што пишува Variety.com, снимањето на филмот ’Burlesque’ започнува кон крајот на оваа година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com